Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол призна дека би сакал кариерата да ја продолжи во Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во интервју за „Тајмс“ тој потврди дека постојано разговара со Нкунку и би бил среќен заедно со него да пристигне на „Стенфорд Бриџ“.
Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а Челзи се обиде да го купи уште во јануари.
„Јасно е дека Нкунку ќе се пресели во Челзи. Немам видено играч како него, тој е неверојатен. Секогаш разговарам со него и му кажувам дека би сакал да одам со него и повторно да играме заедно“, изјави Гвардиол.
„Во јануари раководството ми кажа дека има потреба од мене и не ми беше проблем да останам во Лајпциг. Но, агентот ме информира дека постои интерес од Челзи за мене“, додаде Хрватот.