Дома Фудбал „Елмас беше небрусен дијамант, сега вистински сјае“

„Елмас беше небрусен дијамант, сега вистински сјае“

Еден од најпознатитеиталијански новинари Фабио Кареса имаше само пофални зборови за нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Елмас ја игра најдобрата сезона откако е во Наполи со шест постигнати гола, иако често е на клупата за резерви.

Кареса го пофали „дијамантот“ за неговиот сериозен пристап и придонесот кој го има на тимот.

„Елмас е пример за сериозност! Кога дојде во Наполи беше посочен како небрусен дијамант, а сега веќе почна да сјае како вистински. Сега е вистински дијамант. И треба да им се честита на сите, посебно на Лучано Спалети. Најмногуи за тоа колку позитивна енергија дава клупата“, изјави Кареса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 3:0: Ла Лига ни одмага, а Расинг се жали за сè

Реал славеше кај Расинг, но Мурињо имаше забелешки за густиот распоред и јасен став за пон…