Дома Македонски спорт Фотогалерија: Кузмановски со еден гол дебитираше за тимот на Миркуловски 📸

Фотогалерија: Кузмановски со еден гол дебитираше за тимот на Миркуловски 📸

Денес во германската ракометна Бундеслига се одигра натпреварот помеѓу Фуксе Берлин и Вецлар, а на крајот победата им припадна на домаќините со резултат 26:23.

На овој натпревар во редовите на Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски дебитираше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со еден постигнат гол. Кузмановски единствениот гол на натпреварот го постигна во 52-минута.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Србинот Николиќ беше најефикасен кај Вецлар со пет гола, додека во победничкиот табор Црногорецот Вујовиќ беше стрелец на седум гола.

На табелата Фуксе Берлин е лидер по 19 одиграни натпревари со 33 освоени бодови, Вецлар е во долниот дел на 16-тата поизиција (од 18 тимови) со само девет бодови и четири победи.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…