Дома Македонски спорт Мак фудбал „Брера Холдингс“го потврди купувањето на Академија Пандев

„Брера Холдингс“го потврди купувањето на Академија Пандев

Италијанско – американската компанија „Брера Холдингс“ пред една недела излезе на најголемата светска берза во Њујорк, а сега и го потврди преземањето на македонскиот прволигаш Академија Пандев.

Ова беше најавено и претходно, па сега е добиена само официјалната потврда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Берера Холдингс ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе форсира ширење и промоција на брендот Брера ФК во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера планот е да се зголеми тимскиот напредок“, изјави извршниот директор, Серџо Скалпели.

Најавено е дека Струмица ќе биде центарот на проектот кој во следниот период ќе купи мрежа на клубови под нејзина капа во Мозамбик, Гана и Аргентина и најталентираните фудбалери би можеле да доаѓаат во Македонија од каде што би се пласирале на европскиот пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…