Дома Фудбал Крос потврди: Ќе се пензионирам во Реал

Крос потврди: Ќе се пензионирам во Реал

Германскиот фудбалер Тони Крос пристигна во Реал Мадрид во 2014 година и изгради легендарен статус во „кралскиот“ клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот има договор до крајот на сезоната, а „кралевите“ сакаат да му го продолжат на уште една година, но Крос се уште не донел конечна одлука.

Тој дефинитивно потврди дека ќе се пензионира во Реал, но се уште не донел одлука кога.

„Јас од фудбалот ќе се збогувам тука, но не знам кога ќе биде тоа. Се уште не сум донел конечна одлука“, кажа Крос.

Раководството на Реал прави се, за да го убеди да одигра уште една година на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…