Дома Фудбал Лига на шампиони Меси и Нејмар молчеле, Мбапе одржал говор по поразот од Баерн Минхен

Меси и Нејмар молчеле, Мбапе одржал говор по поразот од Баерн Минхен

ПСЖ одигра лош прв натпревар против Баерн Минхен во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите, до последните 15-тина минути шампионот на Франција скоро и да не закани.

Францускиот новинар Санти Аоуна за „Footmercato“ објави текст во кој истакнува дека Мбапе полека но сигурно се промовира во лидер на екипата. Тој пишува за негов говор во соблекувалната и интервјуто после натпреварот во кое ги коментираше соиграчите.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Мбапе во тоа интервју изрази оптимизам пред реванш натпреварот, но и се обиде да ги разбуди соиграчите со своите зборови.

„Мислам дека пред се мораме да бидеме здрави. Сите би требало добро да јадеме, добро да спиеме и да се припремиме најдобро што можеме. Видовте дека кога игравме напаѓачки им создававме проблеми. Одиме да победиме и да се пласираме во четвртфиналето“, изјави Мбапе.

За многумина, овие зборови посебно се однесуваат за Нејмар кој најмногу има проблеми со спортскиот живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…