Дома Фудбал Останато Познат фудбалер призна дека е геј: Не сакам повеќе да се кријам

Познат фудбалер призна дека е геј: Не сакам повеќе да се кријам

Чешкиот репрезентативец, Јакуб Јанкто денес јавно ја откри својата сексуална ориентација, што е реткост во фудбалот.

Фудбалерот кој е во сопственост на Хетафе и кој оваа сезона игра на позајмица во Спарта Прага се јави со објава на социјалните мрежи и потврди дека е геј.

„Јас сум хомосексуалец и повеќе не сакам да се кријам. Како и сите останати, имам свои силни страни и свои слаби страни, имам семејство, имам пријатели и имам работа која ја работам со години. Играм фудбал со професионализам, чест и страст, исто како и сите останати. Сакам и јас да бидам како останатите, да живеам слободно, без страв и без поставени граници, без насилство и со многу ЉУБОВ. Јас сум геј и не сакам да се кријам повеќе“,  порача Јанкто, а после објавата многу фудбалски клубови ширум Европа му пружија поддршка.

Јанкто својата афирмација ја доживеа во Серија А во дресовите на Удинезе и Сампдорија, од каде направи трансфер во Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…