Maкедонскиот вицешампион доведе комплетно нов тим во овој зимски преоден рок и 11-тото ново име во Струмица е Нахуел Франко кој пристигнува од земјата на светскиот шампион, Аргентина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аргентинецот во Академија Пандев пристигнува од Росарио Централ каде што ја помина комплетната младинска школа. Со струмичкиот клуб потпиша договор на две ипол години.
„21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на две и пол годишен договор со Академија Пандев. Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја има поминато и целата младинска школа. Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец. Со овој трансфер ја завршивме реконструкцијата на тимот за пролетниот дел од првенството. Добредојде Франко!“, објавија од Академија Пандев.