Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на вториот дел од првенството во Првата лига. Нов фудбалер на клубот од Дебар Маало е Филип Тодороски.
Тој доаѓа од редовите на Победа и потпиша двегодишен договор со Работнички.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тодороски е еден од најталентираните млади играчи за врска во Македонија, имаше понуди и за заминување во странство, а се наметна изминатата полусезона во дресот на Победа.
Тој одигра 14 натпревари во прилепскиот прволигаш, вкупно 697 минути, и забележа една асистенција.