Дома Топ вести Братот на Меси ја нападна Барселона: Тие се неблагодарници, никој не ги знаеше пред Лео

Братот на Меси ја нападна Барселона: Тие се неблагодарници, никој не ги знаеше пред Лео

Братот на Лео Меси, Матиас испрати серија на скандалозни напади на адреса на Барселона и претседателот Жоан Лапорта.

Тој гостуваше на еден поткаст на социјалните мрежи и жестоко ги нападна Каталонците.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Нема да се вратиме во Барселона, а ако се вратиме, ќе го избркаме Лапорта“, изјави братот на аргентинската ѕвезда.

„Никој  не ја познаваше Барселона пред Меси. Реал Мадрид беше многу поголем клуб. И така му се заблагодарија. Кој имал можност да го посети музејот на клубот може да види дека музејот на Барселона е Меси“.

„Луѓето во Каталонција не го поддржаа Меси. Требаше да излезат на протсет и да го натераат Лапорта да си замине, а Меси да остане. Тие се едноставно неблагодарници“, додаде Матиас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар ќе се соочи со Струга во финалето на македонскиот Куп

Финалето на Купот на Македонија сезонава ќе понуди возбудлив дуел меѓу Вардар и Струга – д…