Поранешниот селектор на Македонија, Ѓоко Хаџиевски по десетти пат ќе биде тренер на Блискиот исток откако пред една деценија првпат дојде во арапскиот свет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Третпат во кариерата Хаџиевски е назначен за тренер на Наџран од Саудиска Арабија. Во Наџран Хаџиевски првпат беше во сезоната 2011/2012, а потоа и во сезоната 2013/2014.
Покрај Наџран Хаџиевски во изминатата деценија беше уште тренер на Ал Тавон, Ал Кадсија, Хата, Ал Дарфа и Емирејтс.
Од македонските клубови Хаџиевски ги предводеше Пелистер, Вардар, Силекс и Беласица, додека од преостанатите клубови ги водеше: Војводина, Џуболо Ивата, ЦСКА Софија, Вихрен, Кастрија, Докса, Атромитос, Баку и Симурк.
Освен што беше селектор на Македонија, беше и селектор на Азербејџан во 2007 година.