Дома Фудбал Арсенал го чека расплетот: Во Манчестер Сити е „каша-попара“!

Арсенал го чека расплетот: Во Манчестер Сити е „каша-попара“!

Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на бројни финансиски правила.

Обвиненијата се однесуваат на финансиските информации во врска со приходите, деталите за плаќањето на менаџерите и играчите, кршење на прописите на УЕФА и соработка во истрагата.

Челниците на Премиер лигата документацијата за сите наводни прекршоци кои датираат уште од сезоната 2009/2010 ги проследиле до независна комисија која ќе го истражи целиот случај. Истрагата во Премиер лигата траеше цели четири години.

Но, казната како да не е единствен проблем за Сити во овој момент, а од сето ова најголем добитник би можел да биде Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту играч повеќе не го спаси Палас: Саж останува под притисок

Кристал Палас испушти водство против Бешикташ и ремизираше 2-2 во Истанбул. Пјер Саж гледа…