Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го претстави и четвртото засилување!

Вардар го претстави и четвртото засилување!

Oткако претходно пристигнаа Дарко Размоски, Дејан Цветаноски и Роберт Митев, најтрофејниот македонски клуб Вардар денес го претстави и четвртото засилување.

Станува збор за Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој е младински репрезентативец на Македонија во селекцијата до 21 година.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Мартин Радуловиќ -Величковиќ е четврто ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. Мартин има 20 години, доаѓа од словачката екипа Слован Братислава и потекнува од нашата фудбалска академија.

За сениорскиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 25 прволигашки настапи. Мартин Радуловиќ -Величковиќ е актуелен член на младата репрезентација на Македонија

Добредојде назад во Вардар Мартин“, објави Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…