Дома Фудбал Останато Комедија во Грција: Натпревар од Суперлигата не се одигра затоа што головите биле помали

Комедија во Грција: Натпревар од Суперлигата не се одигра затоа што головите биле помали

Со години грчкиот фудбал е во проблеми поради хулиганизам, местенки, наcилства, финансиски проблеми…Падот е очигледен и о тоа што клубовите се се помалку конкурентни во Европа.

Сега ни пристигнува една трагикомочна ситуација и тоа од грчката Суперлига. Натпреварот помеѓу Атромитос и АЕК Атина беше одложен, а причината е неверојатна за натпревар од највисока конкуренција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, одговорните лица на натпреварот одлучиле натпреварот да не се игра откако бил утврдено дека двата голови не биле според пропишаната висина.

Прво натпреварот се пролонгирал за половина час, но откако не успеале да се средат поправките донесена била одлука за одложување на средбата.

Засега не е јасно дали головите пропаднале во тревата поради некоја причина или пак цело време биле пониски само никој не забележал. Треба да се знае и дека АЕК во овој момент еден од најсилните тимови во лигата и се бори за титула со Панатинаикос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…