Пјер Емерик Обамејанг ова лето пристигна во Челзи од Барселона, но сигурно нема долго да се задржи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа кај Потер, па сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус кои сакаат да ја искористат ситуацијата и да го доведат во своите редови.
Обамејанг на лето влегува во последната година од договорот, па Челзи е спремен да го пушти за само 5 милиони фунти.
Напаѓачот е спремен да се врати во Серија А, каде ја започна својата кариера, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.