Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го претстави и третото засилување, две се од Охрид

Вардар го претстави и третото засилување, две се од Охрид

Вардар го потврди и третото засилување во овој преоден рок, а две од засилувањата се од Охрид.

Второто име од овој клуб е Роберт Митев кој е повратник во редовите на црвено-црните. Претходно од Охрид пристигна и Дарко Размоски, додека во текот на вечерта беше потврдено и доведувањето на Дејан Цветаноски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Роберт Митев е трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. 28 годишниот крилен напаѓач потекнува од нашата фудбалска академија, доаѓа од екипата на Охрид, а во својата досегашна кариера има играно и за екипите на Силекс, Тиквеш, Беласица…

Добредојде назад во Вардар Роберт“, порачаа од Вардар.

Во Вардар имаше многу заминувања, па така сега откако стартуваа со подготовките клубот работи на пополнување на празнините, иако финансиската ситуација и понатаму не е најдобра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа. Судиска ком…