Дома Фудбал Англија Фирмињо блиску до нов договор со Ливерпул

Фирмињо блиску до нов договор со Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо е блиску до потпишување нов договор со клубот.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и се сметаше дека сигурно ќе си замине како слободен агент.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, па успеал да го убеди Фирмињо да остане на „Енфилд“.

Англиските медиуми тврдат дека наскоро Фирмињо ќе стави потпис на нов договор до 2025 година.

Со доаѓањето на Нуњес ова лето минутажата на Фирмињо значително се намали, но сепак има важна улога во тимот.

Тој пристигна на „Енфилд“ во 2015 година и до сега има постигнато 107 гола  87 асистенции за „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иран сепак ќе игра на Мундијалот во САД?

Иранската репрезентација, и покрај војната што се шири во нивната земја, сè уште планира д…