Калиду Кулибали минатото лето го напушти Наполи и се пресели во Челзи, но може експресно да се врати во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кулибали не се покажа како добро засилување, не може да се навикне на стилот во Премиер лигата, па Челзи е спремен да слушне понуди.
Со доаѓато на Бадијачиле и враќањето на Фофана, најверојатно Кулибали ќе го загуби местото во стартниот тим.
Интерес за него покажуваат Јувентус и Интер, кои веќе почнале да работат на трансферот и сакаат да го доведат во своите редови.
Челзи за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која италијанските гиганти се спремни да ја платат.