Жоаа Кансело во последниот ден од преодниот рок премина од Манчестер Сити во Баерн Минхен.
Португалецот во Минхен пристигна на позајмица, а Баерн ќе има можност да го откупи неговиот договор на лето за сума од 70 милиони евра
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
. Се шпекулираше дека Кансело заминал од Манчестер Сити поради влошен однос со Пеп Гвардиола, но тој тврди дека тоа не е точно.
„Причината за моето заминување е што имав мала минутажа, нема ништо друго. Имаше шпекулации дека не сум бил добар со Гвардиола, но вистината е друга. Сакав само да играм повеќе“, изјави Кансело.
Новинарите ги интересираше дали побарал совет од Пеп кој три години беше тренер на Баерн.
„Не побарав совет од Гвардиола, немаше време за разговори, работите се случија премногу брзо. Верувам дека ја донесов најдобрата одлука за мене. Спремен сум да играм уште утре, среќен сум што можам да покажам што знам во дресот на Баерн“, изјави Кансело.