Дома Фудбал Барса почнува преговори со Дембеле

Барса почнува преговори со Дембеле

Одличната форма на Осман Дембеле оваа сезона го натерала Чави да побара од раководството на Барселона да почне преговори за нов договор на Французинот.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека раководството на Барселона во март ќе започне преговори со неговиот агент.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Минатата година во јануари Барселона бараше од Дембеле да си замине откако одби да го продолжи договорот. Меѓутоа, Французинот остана, а во јуни стави потпис на нов договор.

Меѓутоа, Дембеле потпиша краток договор до 2024 година, па на лето повторно ќе влезе во последната година од договорот и има откупна клаузула од само 50 милиони евра.

Поради тоа Барселона стравува дека може да го загуби напаѓачот и наскоро ќе почне преговори за нов, подолг договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи нуди 75 милиони за ѕвездата на Барселона

Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите…