Дома Трансфер зона Енцо Фернандез? Тренерот на Бенфика има лоши вести за Челзи

Енцо Фернандез? Тренерот на Бенфика има лоши вести за Челзи

Енцо Фернандез одигра одлично Светско првенство со репрезентацијата на Аргентина, меѓутоа по завршувањето на Мундијалот донесе главоболки за неговиот тим.

Многу клубови „тропнаа на вратата“ на португалскиот гигант со цел да го доведат Енцо, Челзи беше најконкретен.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Се шпекулираше дека „сините“ се спремни да понудат и 120 милиони евра за да го доведат, меѓутоа барем засега Енцо остана во Бенфика.

Ситуација може да се промени до крајот на преодниот рок бидејќи повторно има најави дека Челзи ќе се врати по неговиот потпис. Сепак, тренерот на Бенфика, Роберт Шмид не стравува од такво сценарио.

„Да, сигурен сум дека Енцо останува. Кога ќе го видите како игра можете да заклучите дека е среќен. Воопшто не размислува за други. Не очекувам да загубам некого од стартерите, ги следам играчите и сите се сконцентрирани само на клупските настапи“, изјави Шмид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …