Дома Фудбал Англија Oбложувалница во Англија веќе исплаќа облозите дека Арсенал ќе биде шампион

Oбложувалница во Англија веќе исплаќа облозите дека Арсенал ќе биде шампион

На интересен потег се одлучи обложувалницата „Стејк“ која веќе го прогласи Арсенал за шампион и ги исплаќа „тикетите“ на оние кои се обложиле дека „топџиите“ ќе завршат на врвот.

Арсенал одигра прв дел од сезоната и освои 50 бодови во 19 натпревари со што со предност од пет бода се пред Манчестер Сити, но имаат и натпревар помалку, па така разликата може да се зголеми.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Има уште многу да се игра до крајот на сезоната и далеку е од тоа дека се е завршено, меѓутоа обложувалницата почнала да ги исплаќа облозите за шампионска титула на Арсенал.

„Арсенал е шампионот во Премиер лигата. Видовме доволно и донесовме ваква одлука со која ги исплаќаме оние кои се обложиле дека Арсенал ќе биде шампион.

И покрај тоа што пред почетокот беа петти фаворит, играат во голем стил и се на врвот. Не гледаме како некој друг ривал би можел да ги стигне, објавија од обложувалницата“, соопштија од обложувалницата.

Коефициентот дека Арсенал ќе ја освои титулата пред почетокот бил 29 и засега нема информации колку пари биле исплатени, меѓутоа е познато дека една добивка изнесувала 14.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постекоглу „јавно“ удри по фудбалерот на Тотенхем: Тоа е неприфатливо!

Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, беше многу незадоволен од тоа што Тим Вернер го пок…