Суперагентот Жорж Мендеш, кој повеќе од две децении се грижеше за кариерата на Кристијано Роналдо, од оваа зима повеќе не соработува со Португалецот.
Роналдо овој месец потпиша договор со Ал Наср од Саудиска Арабија, а медиумите откриваат дека токму тоа било причиа за разделбата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според „Мундо депортиво“, разделбата на супер агентот и Роналдо се случила кога Мендеш не успеал да го исполни ултиматумот на фудбалерот.
„Челзи или Баерн или ја прекинаме соработката“, му порачал Роналдо.
Освен од Челзи и Баерн, Мендеш доби негативни одговори и од другите клубови на чии врати затропа. Наводно, Роналдо го одбиле во Борусија Дортмунд, Наполи, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид.
Европските гиганти не беа заинтересирани за Роналдо, па тој се одлучи да ја прифати понудата од Ал-Наср и да стане најплатен фудбалер во историјата.