Килијан Мбапе игра одлична форма во дресот на ПСЖ, а по натпреварот против ѕвездите на Ал Наср и Ал Хилал одигра натпревар за паметење во купот против нисколигашот Де Касел.




ПСЖ успеа да слави победа од 0:7, а дури пет од овие седум гола беа дело на Мбапе. Три гола Мбапе постигна во првото полувреме, а во вториот дел додаде уште два.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
По еден гол додадоа уште Нејмар и Солер. Со ова Мбапе стана првиот играч на ПСЖ кој на еден натпревар постигнал пет гола.




Во следната фаза каде што се најдорите 32 екипи ПСЖ ќе игра против Олимпик Марсеј.