Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа од 15 разлика против Мароко го заврши „Президент Купот“ на Светското првенство со што обезбедивме натпревар за 27. место на Светското првенство.
Мароканците не беа достоен против на нашите ракометари, од самиот почеток можеше да се забележи разликата во квалитетот. Водството од 0:1 кое го имаа на самиот старт им беше и единствентоо на натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со неколку кратки серии ние ја зголемувавме разликата, а на пауза заминавме со 18:12. Второто полувреме донесе уште подобра игра на нашите ракометари што го покажува и конечниот резултат 40:25.
Филип Кузмановски беше најефикасен поединец кај нас со девет гола, Петар Атанасијевиќ постигна седум. Томовски на голот исто така беше одличен со 12 одбрани.
Во среда против Јужна Кореја од 18:00 часот Македонија ќе игра за 27-то место на Мундијалот.