Дома Топ вести Официјално: Депај нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Официјално: Депај нов фудбалер на Атлетико Мадрид

Како и што се најавуваше, Мемфис Депај е нов фудбалер на Атлетико Мадрид.

Клубот од Мадрид го потврди трансферот на холандскиот репрезентативец кој пристигнува од Барселона. Депај со Атлетико потпиша договор на две години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тренерот Диего Симеоне искажа големо задоволство од трансферот на Холанѓанецот.

„Мемфис покажа дека сака да дојде во нашиот клуб. Се надева и тој, но и ние дека ќе се врати во неговата најдобра форма.

 Среќен сум што ќе имаме прилика да соработуваме. Станува збор за напаѓач кој многу личи на Коста и може да ни помогне. Во минатото започна како втор напаѓач, но брзо се наметна како прва опција поради неговата експлозивност“, изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…