Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија го победи Алжир со 15 голови разлика

Македонија го победи Алжир со 15 голови разлика

Maкедонската ракомента репрезентација забележа убедлива победа против Алжир од 15 разлика со 25:40.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само во почетните минути Алжир беше достоен протиовник на Македонија, до 2:2, а потоа Македонија ја презема иницијативата и почна да го трасира патот кон победата. Со одбраните на Митревски стигнавме до 6:2.

Од тој момент Македонија доминираше на паркетот, игравме брзо и тоа беше енигма за противникот. На полувреме водевме со осум разлика (19:11).

Во второто полувреме продолживме со добрата игра и нашата предност само растеше. Најефикасен во нашите редови на крајот беше Жарко Пешевски кој постигна седум гола, Манасков го следеше со шест.

Никола Митревски го заврши натпреварот со 11 одбрани, а Томовски одбрани еден седмерец. Во редовите на Алжир најефикасен беше Дауд со пет гола и Абди со четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…