Дома Фудбал Италија И официјално: Салернитана го врати човекот кој го отпушти пред два дена!

И официјално: Салернитана го врати човекот кој го отпушти пред два дена!

Она што утрово го најавуваа италијанските медиуми сега доби и официјална потврда – Давиде Никола по два дена откако беше отпуштен се враќа на клупата на Салернитана.

Изјава за своето враќање веќе даде и самиот Никола.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ми се јави претседателот на клубот и ми ги објасни причините. Мојата молба беше да се преиспита отказот.

Тој се согласи и сега се надевам ќе ја вратам довербата од управата. Имам голема желба заедно повторно да победуваме“, објави Никола.

Отказот за Никола дојде по високиот пораз за викендот од Аталанта со 8:2. Во медиумите се шпекулира дека враќањето на Никола е најмногу затоа што Рафа Бенитез кој бил прва мета не се договорил со раководството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни направи идеален тим од играчи на Реал и Арсенал: 8:3 за Мадриѓаните

Легендата на Манчестер Јунајтед, Евертон и англиската репрезентација, Вејн Руни, беше замо…