Дома Трансфер зона Позната примарната трансфер цел на Ливерпул

Позната примарната трансфер цел на Ливерпул

Ливерпул е во потрага по квалитетно засилување за средниот ред, а ново име на списокот е плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

25-годишниот Португалец игра одлично во Вулверхемптон и е спремен да направи чекор напред во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените“ спремаат понуда и сакаат да го доведат Португалецот до крајот на преодниот рок, но ќе треба да ја победат конкуренцијата.

За Невеш интерес покажуваат уште Арсенал и Барселона, а главен проблем е што Вулверхемптон за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Невеш на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Ливерпул прави стратегија за негов ангажман во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…