Eсенскиот шампион Струга Трим Лум покажа дека не се шегува и сака да остане на врвот на табелата и по крајот на сезоната. За таа цел тимот на Срѓан Захариевски се засили со Маријан Радески.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот фудбалер на Металург, Шкендија, Академија Пандев и Шкупи доаѓа од ерменски Пјуник каде што се задржа само шест месеци.




Радески е одлично засилување во нападот, а за Захариевски ова нема да биде првпат да соработува со него бидејќи двајцата беа заедно во Металург во 2015 година кога Радески беше на почетокот на кариерата.



