Дома Фудбал Симеоне не сакал да замине кога е најтешко, сака да го врати Атлетико на победничките патеки

Симеоне не сакал да замине кога е најтешко, сака да го врати Атлетико на победничките патеки

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне нема намера да го напушти Атлетико Мадрид пред истекот на неговиот договор летото 2024 година.

Оваа информација ексклузивно ја пренесе шпанска „Марка“ и така ги демантираше претходните најави дека Симеоне ќе си замине.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во медиумите веќе се „бараше“ наследник на популарниот Чоло, најмногу се споменуваше Луис Енрике меѓутоа Симеоне не сакал да се повлече сега кога не му оди.

Неговата намера е да остане во Атлетико и да го врати овој тим на победничките патеки.

Со Атлетико Симеоне освои две титули во Примера во 2014 и 2021 година, двапати ја освои Лигата на Европа и еднаш шпанскиот куп, играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Сепак, на „јорганџиите“ сезонава не им оди, испаднаа во групата од Лигата на шампионите, додека во Примера се дури шести на табелата.

Сепак треба да се знае дека „Марка“ не наведува дека Атлетико нема да го избрка Симеоне, па затоа треба да се види до каде ќе биде трпението на раководството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…