Арсенал е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.
Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сака да го врати во Премиер лигата.
Барселона не би имала против да го продаде Бразилецот за да си ја подобри финансиската состојба и сака да ги врати вложените пари за него.
Менаџерот Артета побарал да му биде доведен Рафиња, а раководството на „топџиите“ наскоро ќе стапи во контакт со менаџерот.