Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија го продаде големиот талент Елези во Грузија

Шкендија го продаде големиот талент Елези во Грузија

Еден од најталентираните македонски фудбалери Дашмир Елези ја напушти Шкендија и кариерата ќе ја продолжи во грузискиот Торпедо Кутаиси.

Шкендија во соопштението со кое се потврдува трансферот на Елези се истакнува дека клубот го прифатил неговото и барањето на семејството тој да замине надвор од границите на Македонија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Шкендија изразува максимална благодарност за целиот придонес на Елези во црвено-црниот дрес, посакувајќи му многу успех во неговиот професионален пат во меѓународниот фудбал“, велат од Шкендија.

Елези во дресот на Шкендија дебитираше со 16 години и се впиша во историјата на македонскиот фудбал како еден од најмладите играчи што успеал да се запише во листата на стрелците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …