Дома Трансфер зона ПОТВРДЕНО: Барселона го договори првото засилување за идната сезона!

ПОТВРДЕНО: Барселона го договори првото засилување за идната сезона!

Во Барселона не го губат времето, актуелната сезона само што започна, преодниот рок неодамна заврши, а на „Камп Ноу“ веќе го обезбедија првото засилување за идната сезона.

Јери Мина е фудбалер кој игра на позицијата централен дефанзивец, има 22 години и е висок 1.95. Мина настапува за бразилскиот клуб Палмеирас, а во Барселона преминува за оштета од 9 милиони евра, иако претходно се шпекулираше дека би можел да пристигне во јануарскиот преоден рок за сума од 10 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Барселона сака дефанзивецот со кој имаат големи планови да ги помине комплетните припреми со новиот клуб, па директорот на Палмеирас Александар Матос и неговиот колега Пеп Сегура договориле овој трансфер да биде реализиран во текот на летото.

Каталонскиот гигант не сака овој фудбалер да пристигне во јануари од уште една причина. Доколку Мина направи трансфер во текот на зимскиот преоден рок би бил без одмор цели 12 месеци, од ова до идното лето.

Мина за репрезентацијата на Колумбија за која дебитираше минатата година собра девет настапи и веќе три пати се запиша во лисата стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…