Дома Топ вести Ал Наср се раздели со Абубакар за да го регистрира Роналдо

Ал Наср се раздели со Абубакар за да го регистрира Роналдо

Камерунецот Висент Абубакар повеќе не е играч на Ал Наср каде што неодамна пристигна Кристијано Роналдо.

Имено, Ал Наср според правилата во Саудиска Арабија е ограничен на осум странци и тој број веќе беше пополнет, па за да се регистрира Роналдо некој мораше да си замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цената на плати Абубакар затоа што јасно е дека Роналдо ќе биде првиот избор во нападот. 30-годишниот Абубакар за својата година ипол во овој клуб заработи девет милиони евра.

 Тој учествуваше и на последното Светско првенство, па нема да има проблем да пронајде нов клуб бидејќи за него се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Рајо Ваљекано и Фенербахче.

Како што стојат работите Роналдо ќе има право за настап во следниот натпревар и се очекува да дебитира против Ал Итифак каде што настапува нашиот Дарко Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…