Tренерот на Њукасл, Еди Хау ги отфрли шпекулациите во медиумите за клазула во договорот на Кристијано Роналдо и Ал Наср според која Португалецот би можел да премине во англискиот клуб ако тимот се пласира во Лигата на шампионите.
„Му посакуваме се најдобро на Роналдо во новиот предизвик, но нема вистина во таквите најави“, изјави Хау пред вчерашното дерби против Арсенал кое заврши без победник (0:0).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно „Марка“ објави дека во договорот на Роналдо постои клазула за преселба на Роналдо во Њукасл кој од 2021 година е во сопственост на Јавниот инвестиционен фонд од Саудиска Арабија.
Роналдо со Ал Наср потпиша договор на две ипол години според кој заработува 200 милиони евра што значи дека целата вредност на договорот изнесува 500 милиони евра.
EPL: Newcastle manager breaks silence on Ronaldo joining club to play Champions League https://t.co/Pm9kX9xpHb
— kogonuso_media (@Kogonuso_Media) January 3, 2023