Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ повторо надмина 50 поени: Не знам како ми успеа

Дончиќ повторо надмина 50 поени: Не знам како ми успеа

Лука Дончиќ не престанува да импресионира со своите партии во НБА лигата, па на новогодишната ноќ повторно ја надмина границата од 50 поени

Дончиќ го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Сан Антонио од 126-125 и повторно испиша историја со 51 поен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој постигна 51 поен, имаше девет асистенции и шест скокови, па сигурно ја најави кандидатирата за МВП.

„Ни сам не знам како дадов толку поени. Некогаш ме удвојуваат, некогаш ми даваат да играм ‘пик енд рол’, а јас само го прифаќам начинот на кој ме чуваат и тргнувам од тоа“.

Резултати:

Индијана – ЛА Клиперс 131:130

Шарлот – Бруклин 106:123

Чикаго – Кливленд 102:103

Хјустон – Њујорк 88:108

Сан Антонио – Далас 125:126

Мемфис – Њу Орлеанс 116:101

Минесота – Детроит 104:116

Оклахома – Филаделфија 96:115

Јута – Мајами 123:126

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…