Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул не се откажува од ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, Клоп сака да го засили средниот ред во јануари, па останал импресиониран од настапите на Амрабат на Мундијалот.
26-годишниот фудбалер на Фиорентина одигра одлично на Мундијалот, а Клоп има потреба токму од таков профил на фудбалер.
„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале преговори, а се спремни да понудат 35 милиони евра на Фиорентина за неговиот потпис.
Италијанскиот клуб му постави повисока цена на Мароканецот, но Ливерпул не се откажува и ќе се обиде да го договори трансферот.