ПСЖ покажува сериозен инетерес за шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.
Галтие сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а Торес е прв на листата желба бидејќи клубот во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ова лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но сепак остана во Виљареал, а ПСЖ веќе спрема понуда.
ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и во јануари ќе понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.