Дома Фудбал Останато Во Сантос прогласена седумдневна жалост поради cмртта на Пеле

Во Сантос прогласена седумдневна жалост поради cмртта на Пеле

Градот Сантос тагува поради смртта на легендарниот Пеле и во овој град е прогласена седумдневна жалост.

Одлуката ја донесе градоначалникот на градот Рожерио Сантос кој се огласи на социјалните мрежи.

„Пораснав слушајќи го татко ми како ми зборува за бразилскиот крал кој живеел во Сантос. Сите пораснавме гледајќи го нашиот Пеле.

Неспоредлив е од било која аспект. Кој може да не се сеќава на неговите потези, шутот од половина терен, илјадитиот гол или голот со глава за славење?

Заминувањето на Пеле остава вечна празнина во светскиот спорт. Изгубивме великан кој го претставуваше Сантос во целиот свет. Пеле, ти беше гениј. Ти благодарам за се. Ќе прогласиме официјална седумдневна жалост“, објави градоначалникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна прочуениот гол “Божја рака̶…