Дома Топ вести Ел Класико ќе се игра во нов термин, еве и зошто!

Ел Класико ќе се игра во нов термин, еве и зошто!

Натпреварот од 17. коло во шпанската Ла Лила помеѓу Реал Мадрид и Барселона нема да се игра во првобитното закажано време.

Првото лигашко Ел Класико беше закажано за 20. декември, но ќе биде преместено поради тоа што Реал Мадирд во тој период ќе игра на Светското клупско првенство. Светското првенство за клубови ќе се одржи од 6. до 16. декември во Обединетите Арапски Емирати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот на Зинедин Зидан од 13. декември ќе го одигра полуфиналето на овој турнир, па Ел Класико наместо на 20. ќе биде одиграно на 23. декември во 13:00 часот. Оваа информација ја објави угледниот шпански весник „AS“, а потоа ја пренесоја и други медиуми, па наскоро стана и официјална.

По првите три кола во новата сезона во шпанското првенство, Барселона има девет бода и е на врвот на табелата, додека Реал Мадрид е седми со пет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …