Дома Трансфер зона Барселона го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Барселона го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед сака да го задржи португалскиот репрезентативец Диого Далот, но интересот за него е се поголем.

Шпаските медиуми пренесуваат дека Барселона сериозно се вклучила во траката за потписот на Португалецот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Далот влезе во последната година од договорот, но Јунајтед има опција за еднострано продолжување до 2024 година.

Далот игра добро под водство на Тен Хаг од почетокот на сезоната и „црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја актувираат опцијата за продолжување на договорот.

Чави е во потрага по десен бек и верува дека Далот идеално ќе се вклопи во неговиот систем на игра, па веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер.

Силен интерес за Португалецот покажуваат и италијанските клубови, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…