Фудбалскиот клуб Бенфика е подготвен да го продаде Енцо Фернандес, но само под еден услов.
Претседателот на клубот Руи Кошта денеска изјави дека клубот не е принуден да го продаде најдобриот млад играч на Светското првенство во Катар и дека ќе замине само ако некој ја плати откупната клазула во неговиот договор која изнесува 120 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Единствен начин Енцо да си замине на зима е некој да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра. Не сакаме сега да го продадеме Фернандес, но нема да правиме проблем ако сака да замине и некој ја плати клаузулата“ изјави Руи Кошта.
Според последните информации, Челзи е најконкретен во идејата за активирање на клаузулата, но во игра се и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
ВРЕДИ ЛИ ЕНЦО 120-130 МИЛИОНИ ЕВРА?