Дома Трансфер зона Познато кој клуб понудил 100 милиони за Фернандез, не е Ливерпул

Познато кој клуб понудил 100 милиони за Фернандез, не е Ливерпул

Њукасл испратил понуда од 100 милиони евра за аргентинскиот играч за врска на Бенфика, Енцо Фернандез, тврди „А Бола“.

Непосредно пред Божиќ излезе информација дека португалскиот клуб одбил слична понуда за една од ѕвездите на Аргентина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ливерпул е заинтересиран за Фернандеш, но „црвените“ допрва треба да достават понуда за играчот од средниот ред, иако се тврдеше дека токму клубот од „Енфилд“ понудил 100 милиони евра.

Бенфика е категорична дека нема да го пушти Енцо Фернандез да замине за помалку од неговата ослободителна клаузула од 120 милиони евра.

Интерес за Аргентинецот уште покажуваат клубовите од Манчестер како и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…