Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата и покажа зошто во овој момент е веројатно кошаркарот со најдобра форма во светот.
Против Феникс, натпревар кој Денвер го доби по едно продолжение (128:125), Јокиќ оствари трипл-дабл со 41 поен и по 15 скокови и асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во интересна ситуација Јокиќ се најде и по завршувањето на натпреварот кога разговараше со американски новинар.
Новинарот на крајот од разговорот на Јокиќ му порача „Среќен Божиќ“, но кошаркарот одговори: „Не е мој Божиќ, но ви посакувам на вас среќен Божиќ“.