Во ФК Тетекс кој минуваше низ тешки денови денес се најавуваа подобра иднина откако за нов претседател беше избран Бобан Вучевски.
Новиот претседател се обрати на присутните и вети подобри денови, а претставен и беше новиот управен одбор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни, почитувани гости.
Најпрво сакам да Ви се заблагодарам за вашето присуство на денешната прес конференција.
Голема е честа да зборувам пред сите вас, но уште поголема е честа што токму јас сум избран да бидам Претседател на управниот одбор на нашиот клуб ФК ТЕТЕКС Тетово.
Упатувам голема благодарност и на верните навивачи што ме предложија во овие тешки моменти, да помогнам за повторно обединување и функционирање на клубот.
Како што Ви е познато на повеќето од вас, па и на јавноста, клубот го наследуваме во лоша состојба, без соодветен кадар на фудбалери, соодветен стручен штаб, минусно салдо и долгови.
Затоа, нашата цел ќе биде да се обединиме, сите верни фанови, тетовчани, љубители на фудбалот и спортот со заеднички сили да го вратиме клубот онаму каде што припаѓа.
Ветуваме дека со сите сили ќе се бориме и секој натпревар во втората полусезона ќе го играме како да ни е финале. Значаен ќе биде секој гол, секој бод, секоја победа за наш опстанок и спас на клубот.
Воедно, испраќаме апел до сите заинтересирани, од различна професија ( поранешни и сегашни фудбалери, легенди, спортски доктори, тренери и сите останати ) кои можат да дадат некаков придонес во клубот, да се пријават.
Дел од нашата мисија во наредниот период ќе биде и посета на регионални компании за да побараме парична помош и финансиски да закрепнеме, за да не дозволиме згаснување на овој бренд кој функционира речиси 70 години.
Отворени сме за секој кој што смета дека може да помогне, и го повикуваме да се приклучи кон оваа иницијатива, затоа што само сите заедно, сплотени, верувам дека можеме многу повеќе да допринесеме са клубот и да успееме во нашиот план. Да донесеме големи резултати и да го вратиме ФК ТЕТЕКС на старите победнички патеки и славни времиња.
Со особена чест и задоволство, дозволете ми да Ви ги претставам и останатите членови на Управниот одбор:
1. Бобан Вучевски
2. Ивица Хаџииљоски – Чајка
3. Драгољуб Јовановски
4. Перо Јовановски
5. Живко Антовски
6. Бобан Мишевски
7. Ненад Спасоски – Зец
Ова е тим составен од искрени, добронамерни и угледни луѓе кои со срце го сакаат Тетекс и се подготвени да одговорат на сите предизвиците кои ни следуваат во наредниот период.
На крајот на оваа прес конференција, искрено посакувам среќна и успешна работа на новиот управен одбор.