Дома Останати Кошарка НБА Блескаа Балканците: 50-ка со дабл-дабл на Дончиќ, одличен беше и Јокиќ!

Блескаа Балканците: 50-ка со дабл-дабл на Дончиќ, одличен беше и Јокиќ!

Изминатата ноќ во НБА лигата главни на паркетот беа Балканците. Лука Дончиќ постигна 50 поени против Хјустон, додека Јокиќ уфрли 29 во кошот на Портланд.

Далас триумфираше со 112:106 со Хјустон. Започнаа Мавси добро имаа предност во првото полувреме, но противникот со одлична игра во третата четвртина се врати во игра. Следуваше неизвесна завршница во која Далас сепак ја задржа предноста.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Лука Дончиќ повторно беше лидерот на својот тим со дабк-дабл од 50 поени, 10 асистенции и осум скокови. Во редовите на Хјустон најефикасен беше Џабари Смит со 24 постигнати поени.

Денвер на Јокиќ исто така славеше победа, беа подобри од Портланд со 120:107. Јокиќ оствари учинок од дабл-дабл со 29 поени, 11 скокови и осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Сан Антонио 133-113

Атланта – Детроит 130-105

Бостон – Минесота 121-109

Бруклин – Милвоки 118-100

Кливленд – Торонто 107-118

Њујорк – Чикаго 117-118

Мајами – Индијана 108-111

Оклахома – Њу Орлеанс 125-128

Финикс – Мемфис 100-125

Лејкерс – Шарлот 130-134

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…