Во Париз е откажан дочекот на француската репрезентација која во недела изгуби од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар, објави француската новинска агенција АФП.
Според зборовите на претседателот на Францускиот фудбалски сојуз Ноел Ла Грет фудбалерите по слетувањето сакаат само да си заминат дома.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претходно се најавуваше дека може да има кратка церемонија, но поради поразот ја откажаа класичната парада. Сега како што изјави првиот човек на францускиот фудбал откажана е и таа кратка церемонија. Француските фудбалери се очекува да слетаат околу 18:00 часот.
„Сите во репрезентацијата сакаат само да си одат денам, нема да има пречек. Ќе си заминат веднаш штом авионот ќе слета“, изјави претседателот на ФФФ.
Французите се разочарани од исходот на финалето кое го загубија на пенали и очекуваа да стигнат до одбрана на светската титула.