Дома Фудбал Светско првенство во фудбал И во финалето на Светското првенство ќе биде оддадена почит на Михајловиќ

И во финалето на Светското првенство ќе биде оддадена почит на Михајловиќ

Во текот на вчерашниот ден фудбалскиот свет беше погоден од веста за cмртта на Синиша Михајловиќ и беа испратени голем број пораки на сочувство до неговото семејство од сите страни.

Посебна почит за Михајловиќ ќе биде оддадена и во финалето на Светското првенство.

Имено, ФИФА одлучи финалето во кое утре ќе играат Франција и Аргентина да започне со минута молк.

Михајловиќ почина на 53-годишна возраст после долгата тригодишна битка со леукемијата. Иако еднаш Миха успеа да се излекува, сепак болеста се врати и го зададе најтешкиот удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Преку четири години се играше врвен фудбал, а денес на стадионот ѓубре, тревник, урнатини… (Видео)

На југот на Франција се наоѓа стадион кој до пред неколку години беше место на собирање на…