Дома Фудбал Останато Инфатино потврди: Стартува Светско клупско првенство со 32 клуба

Инфатино потврди: Стартува Светско клупско првенство со 32 клуба

Претстедателот на ФИФА, Џани Инфантино на денешната прес-конференција потврди дека од 2025 година се менува форматот на Светското клупско првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Светското клупско првенство ќе се одржува во значително поинаков формат од турнирот што досега го носеше тоа име. Ќе учествуваат 32 клуба од сите континенти, кои ќе бидат поделени во осум групи, секој клуб во групата ќе одигра по три натпревари, потоа најдобрите два тима од секоја група ќе продолжат во нокаут-фазата.

„Новото Светско клупско првенство од 2025 година ќе биде со 32 тима. Турнирот ќе се игра во форматот на Светското првенство“, потврди денес Инфантино.

Таквиот формат значи повеќе натпревари за клубовите, а тоа ќе донесе и поголеми финансиски средства.

УЕФА е против ваквиот план затоа што значи закана за Лигата на шампионите, но ФИФА се надева дека клубовите ќе застанат на нејзина страна поради наградниот фонд од 150 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…